Ембид и Филаделфија подобри од Дурант и Санс (ВИДЕО)

Кошаркарите на Филаделфија славеа против Феникс со 112-100 запишувајќи ја четвртата едноподруго победа во новата сезона во НБА лигата.

Филаделфија во текот на третиот период имаше и плус 14, следеше одговор од Феникс кој во финишот дојде и до минус од само два поени, но веќе во последната четвртина домашните одлично одиграа за конечна победа.

Во победничкиот тим предводеше Џоел Ембид со 26 поени, 11 скока и три асистенции, а Кели Убре дополни со 25 поени. Кај Феникс се истакна Кевин Дурант со 21 поен, осум скока и три асистенции, Ерик Гордон постигна 13 поени а Јусуф Нуркиќ заврши со 11 поени, девет скока и пет асистенции.

Се вчитува...