Ембид: Не ми е гајле за Никола Јокиќ!

Џоел Ембид го коментираше дуелот со Никола Јокиќ што ќе го има на Олимписките игри. Ембид е роден во Камерун, пред неколку години и вети на Франција дека ќе игра за неа, но на крајот се одлучи за третата, најсилна опција – Соединетите Американски Држави.

Токму САД ќе бидат првиот ривал на Србија во групната фаза на кошаркарскиот турнир на Игрите во Париз летово. Јавноста со посебно нетрпение го очекува тој дуел токму поради новата пресметка на двата најголеми НБА ривали во моментов, последните двајца МВП-и на лигата – поранешниот Ембид и сегашниот Јокиќ.

„Не ми е гајле за Јокиќ. Играм за мојата репрезентација. Тоа е суштината. Се фокусираме на себе и се трудиме да бидеме на иста страна. Кога ќе стигнеме таму, сите знаеме кој е нашиот фокус“, рече Ембид.

Се вчитува...