Ембид за тимот на САД: Тим полн со старци, нека не ве лажат имињата…

Камерунецот Џоел Ембид ова лето одлучи да настапи за репрезентацијата на Соединетите американски дражви и се најде во ѕвездениот тим кој има цел да ги надмине лошите резултати на интернационално ниво од последните години и да претендира на злато на Летните олимписки игри во Париз.

А, според Ембид, САД нема да има лесна задача во Париз со оглед на годините на кошаркарите во тимот како и ростерите на останатите екипи кои ќе имаат и посебна мотивација во дуелот со Американците.

„Дефинитивно имаме извонреден талент, но еднаков талент постои и во другите екипи. Исто така треба да разберете дека најголемиот дел од нашиот тим остаре. Леброн денеска не е истиот Леброн од пред неколку години. Постои голема разлика. Гледате и самите дека не е доминантен како некогаш. Имињата на списокот може да ве излажат. Сите тоа се луѓе кои направиле многу во своите кариери, но сега се стари и не се тоа што беа“, изјави Ембид.

Се вчитува...