Емери инсистира Вида да дојде на „Емирати“

Трансферниот период во Премиер – лигата се ближи до крајот, со оглед дека новата сезона во елитната англиска лига че започне в петок. Арсенал на нови засилувања потроши 79 милиони евра, но новиот менаџер сака да ја засили одбраната, а ја знае и конкретната цел. Хрватот Домагој Вида е неговата желба и сака да ја реализира во претстојните пет дена. Шпанецот наводно не е задоволен со стоперите што му ги остави Венгер во наследство, иако го доведе и Сократис Папастопулос од Борусија Дортмунд. Но, се повреди во претсезоната Сеад Колашинац, па опциите се се помалку.

Сепак, да се доведе Домагој Вида во Арсенал нема да биде лесно. Раководството му порача на Унаи Емери дека ќе мора да продаде, доколку сака да купи нов фудбалер. Тој размислува за продажба на Шкодран Мустафи, можно е во последен момент да си замине и Дани Велбек, а Емери бо ги ослободил и голманот Давид Оспина. Денови има се помалку, а на Арсенал многу му е потребен нов одбранбен фудбалер. Ќе дојде ли Вида на „Емирати“?

Се вчитува...