Емери ќе го добие посакуваното засилување: Дембеле доаѓа на позајмица на „Емирати“?

Англискиот премиерлигаш Арсенал би можел да добие огромно засилување во навалната линија во финишот на летниот преоден рок. Раководството на клубот најверојатно ќе пронајде начин да му ја исполни големата желба на менаџерот Унаи Емери и да го доведе Осман Дембеле на „Емирати“. Барселона за него бара 100 милиони евра, и тоа дефинитивно е невозможна мисија за „топчиите“ во моментот, но Французинот ќе пристигне како позајмен играч.

Дембеле пристигна на „Камп Ноу“ минатото лето како големо засилување, за него беа платени 120 милиони евра, но не ги оправда очекувањата. Тој нема да биде во прв план кај Ернесто Валверде ниту за новата сезона, со оглед дека Барселона ангажираше неколку одлични засилувања, па и на каталонскиот клуб му одговара Дембеле да замине барем на едногодишна позајмица. Според информациите од Островот, двата клуба се блиску до договор, а Арсенал ќе треба да плати 10 милиони евра.

Се вчитува...