Емери: Обамејанг може да биде прв стрелец во Премиер – лигата

Арсенал ќе ја отвори сезоната во Премиер – лигата пречекувајќи го актуелниот шампион, тимот на Манчестер сити. Новиот менаџер Унаи Емери е оптимист и смета дека „топчиите“ се подготвени, најавувајќи офанзивен фудбал.

„Обамејанг може да биде најдобар стрелец во Премиер – лигата оваа сезона. За мене е важно да имам напаѓачи кои можат да постигнат многу голови. Ќе играме разновидно во нападот и сакам секој играч да напредува во таа насока. Почнуваме против Манчестер сити, тие се одличен тим. Многу полесно е да се раскажува како можеме да ги сопреме, отколку тоа навистина да го направиме на теренот. Но, веруваме во сопствените квалитети и размислуваме за победа“, изјави Емеери.

Арсенал и Манчестер сити ќе ги одмерат силите денеска на „Емирати“, со почеток во 17 часот.

 

Се вчитува...