Комисиите на УЕФА не ги заборавија претставниците на Фудбалската федерација на Македонија во делегирањето на стартот на новата сезона на Лигата на европските нации. Прв кој доби задача од УЕФА е Емил Божиновски, еден од нашите поранешни најдобри судии, а сега влијателен контролор.
Тој на 26 септември во Тирана ќе го контролира судењето на мечот меѓу Албанија и Белорусија во рамките на групата „Ц “. Во оваа група се уште Финска и Сан Марино.
Досега Божиновски не бил контролор на натпреварите на Белорусија, еднаш на Албанија во квалификациите за Европското првенство.
М.М
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
