Емил Божиновски контролор на мечот Салцбург – Ливерпул во ЛШ

Поранешниот наш најдобар фудбалски судија, сега контролор на ФИФА е одреден од Судиската комисија на УЕФА да го конролира судењето на дерби средбата во Е групата во Лигата на шамппионите меѓу австрискиот првак Салцбург и Ливерпул.

Ливерпул не смее да загуби бидејќи со пораз ќе ги загуби шансите да ги продолжи натпреварите во Лигата на шампионите и ќе игра во групната фаза на Лига на Европа. Салцбург само со победа ќе биде сигурно втор на табелата со што и пролетва ќе игра во шампионската лигa. Мечот се игра на 11. декември во Салцбург.

Истиот ден менаџерот на ФФМ Жарко Игњатовски во Загреб ќе биде директор на мечот меѓу Динамо и Манчестер Сити, кој исто така одлучува дали Динамо напролет ќе игра Европа или ќе испадне од европските натпреварувања.  /М.М/

Се вчитува...