Емил Рајковиќ меѓу десетте „херои на сезоната“ во ВТБ-лигата

Емил Рајковиќ продолжува да собира признанија за извонредната сезона на чело на Астана, во која македонскиот стратег ја одбрани двојната круна во Казахстан, но забележа и извонредни резултати во силната ВТБ-лига. Македонецот беше избран за тренер на годината во ВТБ, а сега за него се најде место и меѓу десетте херои на сезоната во ова силно натпреварување.

„Астана имаше историска ссезона, забележа 15 победи на вкупно 29 натпревари, а Рајковиќ заслужено доби низа комплименти. Македонецот му помогна на својот тим да постави рекорд за победи и процент на успешност во регуларниот дел од сезоната. Астана не успеа да стигне до тримф во плејофот, но тимот му го продолжи договорот на тренерот“ – се вели во описот на „херојството на Рајковиќ, на официјалната веб-страница на ВТБ-лигата.

Покрај Емил Рајковиќ, на листата од десет херои се најде и најдобриот руски кошаркар, Алексеј Швед од Химки, потоа Никита Курбанов од ЦСКА Москва (беше избран за МВП на плејофот), како и тренерите на Зенит и на Нижњи, Жоан Плаза и Зоран Лукиќ.

Се вчитува...