Емини: Дојдов во Шкендија да ги освоиме првенството и Купот

Изаир Емини и официјално е ново засилување за македонскиот вицепрвак Шкендија. Тој е регистриран за својот нов клуб откако пристигна сертификатот од Албанија.

„Дојдов во организиран клуб како Шкендија, а нашите цели се да ги освоиме првенството и Купот. Се надевам дека по завршување на оваа сезона двата трофеи ќе пристигнат во Тетово. Напред Шкендија“, изјави Изаир Емини за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...