Емини нема сертификат, ќе почека на враќањето во Шкендија

И покрај посакувањата на стручниот штаб на Шкендија, Изаир Емини сепак ќе почека на враќањето во дресот на тетовскиот прволигаш.

Ќатип Османи нема да може да смета на неговите услуги за денешниот прв натпревар во новата сезона, дербито против Вардар во Тетово, затоа 31-годишниот напаѓач не доби регистрација во ФФМ поради немање соодветен сертфикат од Албанската фудбалска федерација по неговите настапи минатата сезона во дресот на Кукеши.

Како што е познато, Емини веќе се договори за трансфер во Шкендија. Од тетовскиот клуб побараа регистрација во ФФМ, но на истата ќе се почека до комплетирање на неопходната документација. Изаир Емини од 2007 до 2012 година веќе настапуваше во црвено-црниот дрес, од каде премина потоа во редовите на Ренова. Од 2016 година беше албанскиот Кукеши, а сега повторно се враќа во Шкендија.

Се вчитува...