Емир Скендери од Македонија ЃП на позајмица во Беса

Напаѓачот на Македонија ЃП, Емир Скендери, во наредните шест месеци ќе биде позајмен во редовите на Беса, информираше клубот од Ѓорче Петров. Двата клуба се договорија Скендери да се пресели кај лидерот на табелата во второлигашката конкуренција.

Македонија ЃП оваа зима доведе двајца искусни напаѓачи, Крсте Велкоски од Работнички и Џонатан Балотели, поранешниот член на Вардар.

Се вчитува...