Манчестер Сити е многу блиску до настап во Лигата на шампионите идната сезона, по победата над Борнмут од 3-1 на „Етихад“ во крајно емотивен меч од многу аспекти. Победата беше во сенка на последниот настап на Кевин де Бруине на стадионот на Манчестер Сити, враќањето на Родри по долга пауза, а сето тоа зачинето и со прекрасен погодок на Мармуш.
Навивачите на Сити имаа можност да се збогуваат со Белгиецот, кој го одигра последниот меч на домашен терен како играч на Сити. На крајот на сезоната заминува, а откако беше заменет, доби овации од публиката. На мечот имаше и едно големо промашување, но на крајот не влијаеше на конечниот резултат. Овации доби и Родри, освојувачот на Златната топка. Го немаше долго време поради повреда, но се врати во финишот на сезоната, и ќе биде подготвен за светското клупско првенство.
А, победата на Манчестер Сити беше најавена со евроголот на Мармуш. Египќанецот во 14. минута од 30 метри го совлада Кепа и ја најави победата. Силва во 38. минута зголеми на 2-0, додека Нико Гонзалес во 89. минута зголеми на 3-0, a Борнмут само на крај успеа да намали преку Џебисон.
Малку надеж за Борнмут даде црвениот картон на Ковачиќ во 67. минута. Но, силите на теренот беа израмнети во 74. минута кога и играчот на Борнмут, Кук доби исклучување.
Во вториот меч од Премиерлигата, Кристал Палас го освлада тимот на Вулверхемптон со 4-2. И покрај тоа што имаше негатива со голот на Агдабу, Нкетиа со два брзи гола го најави пресвртот. Потоа Чилвел зголеми на 3-1, па Ларсен намали на 3-2, за Езе на крајот да го постави конечниот резлтат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА