Емотивна порака на Класниќ: Јас сум во најризичната група, те молам…

Емотивна порака на својот Инстаграм профил денеска објави поранешниот хрватски репрезентативец Иван Класниќ кој припаѓа на најризичната група која треба да се чува од зараза од коронавирус, по оние три трансплантации на бубрег.

Класниќ предизвика бројни реакции и коментари по објавата на Инстаграм.

„Јас сум еден од оние кои припаѓаат на ризичната група. За жал мојот имун систем не е така добар како твојот, како последица на трите трансплантации на бубрег! Те молам не ја игнорирај новонастанатата ситуација и обиди се да се држиш до правилата. Лекарите и целокупниот медицински персонал го достигнаа својот лимит, немој да им создаваш дополнителни проблеми“ – порача Класниќ.

По неговата објава веднаш доби силна поддршка од Дарио Срна.

Се вчитува...