Емотивна порака од Буфон за Астори што мора да се прочита

Џанлуиџи Буфон дваесетина години наназад е дел од голманската елита, но уште повеќе од фудбалските квалитети Италијанецот импресионира со својата човечност, која ја потврди и при денешната трагедија откако животот го загуби Давиде Астори. Капитенот на Фиорентина почина од срцев удар во сон во хотел во Удине, сите се во шок и изразуваат сочувство на семејството на Астори, а Буфон со прекрасна порака се осврна на своето пријателство со починатиот фудбалер.

Здрав, драг Асто

Многу ретко во јавноста изнесувам свое мислење за некоја личност, но во твојот случај чувствувам дека морам да направам исклучок бидејќи имаше млада сопруга и семејство кое пати. Згора на се, имаш мало девојче, кое заслужува да знае дека нејзиниот татко во секој поглед беше ДОБАР ЧОВЕК… НАВИСТИНА ДОБАР ЧОВЕК…

Беше најдобар израз на стромодниот свет што луѓето веќе го напуштаат, оној со вредности како алтруизам, елеганција, љубезност и почит кон другите. Искрено ти се воодушевувам, беше еден од најдобрите спортисти што ги имав сретнато во животот.

Почивај во мир, 

Твојот луд Џиџи

Астори почина утрово на 31-годишна возраст, две седмици откако за првпат стана татко.

Се вчитува...