Емотивни минути почит за Благој Истатов на свеченоста на ФФМ… (ФОТО)

На свечноста на прогласувањето на најдобрите во македонскиот фудбал за изминатава година емотивни минути издвоени и за потсетување на името на македонската фудбалска легенда Благој Истатов.

Низ неколкуминутно видео потсетување присутните во Македонскиот театар преку фото-албум уште еднаш се потсетија на богатата фудбалска кариера на Благој Истатов кој оваа година почина на 71-годишна возраст.

Истатов со многу што го задолжи македонскиот фудбал, оставајќи силна трага и во својата Струмица но и во белградски Партизан каде се прослави.

Се вчитува...