Емотивни сцени во Париз: Судијата се расплаче по последниот свиреж

Реванш полуфиналето во ЛШ помеѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд, која заврши со победа на германскиот тим од 0-1, беше последниот натпревар на судијата Даниеле Орсато во Лигата на шампионите.

Токму поради тоа, Италијанецот се расплаче веднаш по последниот свиреж на синоќешниот меч.

Орсато е еден од најпознатите судии во последните години, а кариерата ја почна во 2022 година. 48-годишниот арбитар има намера целосно да се повлече од судењето после ЕВРО 2024 година. Искусниот судија имаше 274 натпревари во Серија „А“. Во 2020 година беше прогласен за најдобриот судија во светот од страна на ИФФХС. Во ЛШ го судеше финалето во 2020 година кога Баерн Минхен славеше над ПСЖ со 1-0.

Се вчитува...