Емотивно на мечот во Фиренца: „Астори, капитен засекогаш“

Фиорентина во овие моменти го игра натпреварот против Беневенто во Серија А, а на стадионот „Артемио Франки“ е мошне емотивно, со оглед дека фудбалерите, раководството на клубот и фановите, му испраќаат последен поздрав на својот капитен Давиде Астори, кој ненадејно почина во сон минатата седмица, пред натпреварот против Удинезе.

„Астори, засекогаш капитен“, порача Фиорентина со транспарент поставен на фудбалскиот терен непосредно пред мечот, а неговите соиграчи на загревање истрчаа во дресот со број „13“, кој го носеше Давиде Астори. Пред почетокот на дуелот сите присутни со минута молчење му оддадоа последна почит на трагично починатиот фудбалер, а балони во виолетова и бела боја беа испратени кон небото.

Се вчитува...