Емотивно обраќање на Џонов: Малку е на сите да ви кажам благодарам, БОГ е голем – прави чуда!

Поранешниот фудбалер на Кожуф, Силекс, Металург, Беласица, Ѓорги Џонов кој е пред најголемиот предизвик во својот живот, впуштајќи се во битка со тешка болест за која е неопходно итно лекување во Турција, се огласи преку социјалните мрежи заблагодарувајќи се на сите кои се вклучија во хуманитарната акција за собирање на неопходните 100.000 евра.

Крајно мотивно обраќање на Џонов порача дека со надеж, верба во Бог и сила верува дека на крај ќе има сонце за него.

„Останаа уште неколку денови од оваа година која ме научи на многу нешта за кој не сум ни бил свесен дека постојат. Благодарен сум на БОГ што ете се потруди да ми го покаже патот по кој треба да чекорам. 

Патот по која сега чекорам е долг, тешко е луѓе, трнлив е, бидете сигурни не знаете како е освен оние кои веќе го поминале. И јас самиот сум свесен дека денеска ќе ми биде тешко, утре ќе ми биде полошо, но со надеж, верба, волја, сила се надевам дека задутре ќе има сонце.

Со вашата помош, со вашата поддршка кој што секојдневно ја имам со верба во БОГ, со знаењето на докторите, со мојата волја за живот се надевам дека можам да ја постигнам зацртаната цел.

За крај премалку е да ви кажам БЛАГОДАРАМ за се што правите за мене, што ми помогнавте и дониравте за моето лекување во Турција. Сето ова немаше да биде возможно без поддршката и хуманоста од сите вас.

Хуманоста нека остане во секој од нас. Фала ви за се, БОГ е голем -прави чуда, да сте живи и здрави да имате среќни и весели празници и нека Новата година ни помогне на сите лица кои што се борат со ова болест“ – порача Џонов преку социјалните мрежи.

СРЕДСТВА МОЖЕ ДА СЕ ДОНИРААТ НА СЛЕДНАТА БАНКАРСКА СМЕТКА:
Ѓорге Џонов
Жиро сметка за донации: 200-0023348140-48
Стопанска Банка А.Д.
11 Октомври
1000 Скопје

ДЕВИЗНА СМЕТКА:
МК07200003801913052
SWIFT: STOBMK2X

И НА ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОЈ:
А1: 143-460 – Со секој повик донирате 100 денари!

Се вчитува...