Емотивно писмо на Тоти до Буфон

Повлекувањето на Буфон од Јувентус предизвика бројни рекаци во фудбалскиот свет, а неговата одлука беше особено емотивно доживеана во Италија. Чувството на напуштање на клубот во кој си ја минал кариерата најдобро го знае Франческо Тоти, кој на крајот од минатата сезона се раздели од својата Рома.

Принцот на Рим во особено емотивно писмо му се обрати на пријателот и долгогодишниот колега од италијанскиот национален фудбалски состав.

Драг Џиџи, 

Секогаш се чувствував пријатно кога ни беа променети улогите: Јас тврдоглаво не можев да се одвојам од дресот, а ти се обидуваше да ја пренесеш твојата рационалност на мене. Беше тешко, понекогаш и срцепарателно да се затвори целиот круг. Сега кога го најави твоето „збогум“ сеќавањата ме водат 12 месеци назад. Не можам да ти кажам што ќе се чувствуваш утре на твојот стадион, не можам ниту да знам кои мисли ќе ти минуваат низ главата во моментот кога ќе решаваш дали да ја завршиш кариерата. Секој одлуките ги носи на сопствен начин.

Сигурен сум дека овие денови ја премотуваше филмската лента на твојата кариера. Одлично е тоа што во нашите филмови имавме заеднички улоги. Почнавме заедно како деца, подоцна станевме капитени и луѓе. Го браневме истиот дрес, синиот, а се боревме во различни бои. Јас во црвено-жолта, ти во црно-белата. Го гледам зад нас светското првнество, го гледам Берлин и нашате прегратка. Сакам да ти се заблагодарам за тоа каков противник беше, но и за тоа дека беше пријател. 

Ако ти треба совет во следните неколку дена, побарај ме. Секога ќе бидам тука – напиша Тоти во писмото до Буфон.

Се вчитува...