Емотивно писмо од синот на сопственикот на Лестер

Сите во Лестер се уште се во шок по трагичната смрт на првиот човек на клубот, Вишаи Шривадханапрахба, кој трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа по мечот со Вест хем што се играше во саботата. Вечерва со соопштение се јави неговиот син, Ајават Шривадханапрахба, кому ќе му припадне тешката задача да продолжи по стапките на својот татко како предводник на овој англиски премиерлигаш.

„Благодарност до полицијата и службите за итна помош, со чија брза реакција луѓето останаа безбедни и бројот на жртви на се зголеми. Нивниот професионализам во изминатите денови ја направи целата ситуација поподнослива, колку што воопшто може да биде. Она што се случи направи да разберам колку важен беше татко ми за многу луѓе ширум светот, јас сум год што го имав за свој родител. Тој ми остави голема мисија и нааследство и моја цел е да продолжам по неговиот пат. Татко ми го сакаше своето семејство и го направи Лестер семејство. Ништо не би го направило погорд од начинот на кој сите заедно сме сплотени во овој период на голема тага. Јас и моето семејство сакаме на секој од вас од се срце да ви заблагодариме за поддршката во овите тешки денови. Ми недостигаш, татко, од сето срце“ – напиша Ајават Шривадханапрахба во писмото што се појави во британските медиуми.

 

Се вчитува...