Емотивно збогум на Ѓоко Хаџиевски со Истатов: „Благој е легенда во секоја смисла на зборот!“ (ВИДЕО)

Многу домашни фудбалски личности и претставници на бројни институции од земјава денеска на комеморацијата во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица се збогуваа од една од најголемите македонски легенди Благој Истатов кој почина на 71-годишна возраст.

Меѓу нив и долгогодишниот соработник на Истатов од клупата на Вардар но и македонската репрезентација, поранешниот селектор Ѓоко Хаџиевски кој повеќе во повеќе од емотивно обраќање се потсети на се поврзано со големото име на македонскиот фудбал….

„Многу лесно го употребуваме зборот легенда. Благој Истатов беше вистинска легенда во сите три етапи од својот живот. И како голман, и како тренер, и како фудбалски работник. За неговата големи повеќе од доволно говори фактот дека нема личност во оваа наша земја па и во поранешна Југославија која не го знае името и презимето на Благој Истатов. Ако прашате денеска и во Гостивар, и во Радовиш, и во Битола и во Ресен било кого, нема кој не слушнал и не знае за Благој Истатов. Тоа доволно кажува. А, ние? Ние бевме заедно повеќе од 30 години, бевме заедно во фудбалската репрезентација, бевме заедно во Вардар, а тој ми стана мој брат“ – рече меѓу другото Ѓоко Хаџиевски на комеморацијата во Струмица за ликот и делото на Благој Истатов.

Се вчитува...