Емотивно збогум од кошаркарите на Охрид до градоначалникот Стојаноски (ФОТО)

Пред денешниот натпревар од Првата македонска кошаркарска лига со Пелистер, кошаркарите на АВ Охрид во својата сала „Билјанини извори“ во Охрид испратија последна порака до прерано починатиот градоначалник, проф. д-р Јован Стојаноски.

Кошаркарите на АВ Охрид уште еднаш испратија благодарност за големиот поддржувач кој секогаш беше со клубот во изминатава една година и како татко на градот.

„Засекогаш со нас Градоначалник“ – е пораката на транспарентот со кој се појавија кошаркарите пред почетокот на натпреварот.

Во знак на почит и сеќавање, клубот на семејството Стојаноски му врачи врамен дрес на КК „АВ Охрид“ со посвета, а натпреварот со Пелистер кој се игра во рамки на 11. коло од Првата кошаркарска лига почна со едноминутно молчење.

ФОТО: www.ohrindews.com.mk

Се вчитува...