Емотивно збогум на Шмајхел од газдата на Лестер: Ти ни ги подари соништата!

Капитенот на Лестер, Каспер Шмајхел меѓу првите, на крајно емотивен начин, се збогуваше од трагично загинатиот претседател на својот клуб Вишаи Шривадханапраба кој го загуби животот во падот на хеликоптерот непосредно по полетувањето од стадионот „Кинг Пауер“ по мечот меѓу Лестер и Вест Хем.

Данскиот голман бил првиот кој притрчал на помош веднаш по несреќата, но за жал и еден од првите сведоци на големата трагедија во која едноставно никој не можел да помогне….

„Не можам да поверувам што се случи. Ова е огромна болка. Не можам да поверувам дека ова е реалност. Твоето значење за клубот не се опишува со зборови. Сите знаеме што ти со семејството направи за овој клуб. Но, не е само клубот…. Се грижеше и помагаше во болниците во Лестер. Твојата хуманост нема да се заборави. Знам дека повеќе нема да сретнам човек како тебе, секогаш посветен страствен, љубезен и великодушен. Секогаш имаше време за секого, допре до сите. За мене секогаш ќе бидеш лидер, татко и човек. Ти го промени фудбалот, направи да веруваме дека невозможното е возможно, не само за нашите навивачи туку за сите во светот. Кога дојдов во 2011 година ми кажа дека за шест години ќе играме во Лигата на шампионите. И мене ме натера да верувам дека невозможното е возможно. Без тебе и твоето семејство, немаше да биде возможно да го доживееме тоа што ни се случи. Ти на сите ни даде нешто кое се случува само во бајките. Ти ми ги подари соништата“ – е емотивната порака на Шмајхел по големата трагедија.

Се вчитува...