Емотивно збогум од Серхио Рамос за Кристијано Роналдо

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, на емотивен начин, преку социјалните мрежи се збогуваше со досегашниот соиграч, португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо. Тој и официјално потпиша договор со италијанскиот првак Јувентус и по девет сезони го напушта „Сантијаго Бернабеу“.

„Кристијано, твоите голови, твоите бројки и сите наши заеднички победи зборуваат сами за себе. Ти си го заслужи местото во историјата на Реал, а Мадрид засекогаш ќе те памети. Беше задоволство да се игра со тебе. Силна прегратка и многу среќа“, напиша Серхио Рамос.

Се вчитува...