Емполи победи, Пандев и Џенова пред испаѓање од „Серија А“

Горан Пандев и Џенова се наоѓаат пред испаѓање од „Серија А“ откако Емполи попладнево славеше над Торино со 4-1 и го прескокна тимот на македонскиот капитен на табелата, на едно коло до крајот на сезоната. Емполи со денешниот триумф има 38 бода, еден повеќе од Џенова, па Пандев и соиграчите во последното коло морра да слават на незгодното гостување против Фиорентина, воедно и да се надеваат дека Емполи нема да дојде до три бода на „Џузепе Меаца“ против Интер.

Аква го доведе Емполи во водство на денешниот дуел со Торино, но гостите израмнија на почетокот од вториот дел преку Фалке. Сепак, домашните фудбалери беа многу помотивирани за да стигнат до цел плен на денешниот меч, триумфирајќи со погодоците што ги постигнаа Бриги и Де Лоренцо во 60. и 65. минута, пред печат на победата во самиот финиш да стави Капуто.

Во вториот попладневен натпревар Парма славеше со 1-0 над Фиорентина, продлабочувајќи ја кризата на „виолетовите“ што не се реши ниту со доаѓањето на Монтела на тренерската функција. Скоцарела го постигна победничкиот гол во 80. минута, со што Пама и дефинитивно го осигура опстанокот во елитното друштво.

Се вчитува...