Емполи во 93. минута ја победи Рома и избори опстанок во Серија А, и Удинезе се спаси (ВИДЕО)

Емполи со гол на Нианг во 93. минута успеа да ја победи Рома со 2-1 во последното коло и да обезбеди опстанок во Серија А.

Во повеќе од драматичен натпревар, на домашните им беше неопходна само победа за да се изборат за опстанок. И успеа во тоа Нианг во последните секунди од средбата.


И Удинезе се избори за опстанок откако во последното коло триумфираше со 0-1 на гостувањето против Фросиноне кој, пак, токму поради овој пораз ќе мора да се пресели во Серија Б. Стрелец на победничкиот гол за тимот од Удине беше Дејвис во 76. минута.

Интер ја заврши сезоната во Серија А со реми (2-2) на гостувањето против Верона за крај на уште една шампионска титула за „нераѕурите“.

Се вчитува...