Емре Чан го замени Јувентус со Борусија Дортмунд

Емре Чан го напушти италијанскиот шампион, Јувентус и се пресели во бундеслигашот, Борусија Дортмунд. Германецот на „Сигнал Идуна Парк“ пристигнува како позајмен играч до крајот на сезоната, кога „милионерите“ на Јуве ќе му исплатат 30 милиони евра.

Со обѕир на тоа дека „старата дама“ 26-годишникот го донесе како слободен фудбалер, може да се каже дека е направен добар бизнис од неговата продажба. Покрај за Јувентус тој во кариерата настапуваше и за Ливерпул, Баерн Минхен и Баер Леверкузен. Чан во досегашниот дел од сезоната одигра само осум натпревари во Серија А, а Маурицио Сари ниту еднаш не го ни пријави за настап во Лигата на шамипоните.

Се вчитува...