Емре Чан: Не сум среќен во Јувентус, но што да правам…

Фудбалерот од средниот ред Емре Чан не е среќен во дресот на Јувентус. Со доаѓањето на Маурицио Сари на клупата на „Старата дама“, Чан одигра само 78 минути, поради што е фрустриран…

„Секако дека не сум среќен. Не играм многу, за разлика од минатата година кога постојано играв на важните натпревари. Не добив шанса оваа сезона, и се надевам дека тоа ќе се промени“ – вели Чан, кој пак е благодарен на селекторот Јоаким Лев за повикот во германската репрезентација.

„Но, среќен сум што селекторот ме вика во репрезентацијата иако не играм многу. И благодарен сум на тоа“ – дополнува Чан.

Емре Чан претходно во кариерата настапуваше и за Ливерпул, Баер Леверкузен, Баерн Минхен.

Се вчитува...