Емре Џан четири години во Јувентус

Емре Џан од денеска и официјално е нов член на Јувентус откако италијанскиот првак потпиша четиригодишен договор со доскорешниот фудбалер на Ливерпул. Германецот ги одби понудите за нов договор со „црвените“ и реши да си замине како слободен играч, а од бројните понуди ја избра токму онаа на Јувентус.

Џан утрово пристигна во Торино, а по лекарските прегледи денеска и официјално потпиша договор со „старата дама“ на четири сезони.

Успешно го комплетиравме трансферот на Емре Џан, кој доаѓа од редовите на Ливерпул. Тој има над 150 настапи за англискиот клуб, постигнувајќи 14 гола по трансферот од редовите на Баер Леверкузен во 2014 година“ – објави италијанскиот првак.

Џан ќе го носи дресот со број 23 во новиот клуб.

Се вчитува...