Емре Џан опериран, нов проблем за „старата дама“

Јувентус се соочува со нов проблем откако по Сами Кедира тренерот Алегри остана и без помошта на вториот германски играч за врска, Емре Џан. Екс-фудбалерот на Ливерпул имаше проблем со тироидната жлезда, првично утврдените третмани не вродија со плод и Џан денеска мораше да биде опериран во клиника во Франкфурт.

Јувентус на официјалната веб-страница ја потврди оваа информација, посочувајќи дека хируршкиот зафат бил успешен.

Притоа во соопштението не е наведено колкава ќе биде неговата пауза од терените, но италијанските медиуми објавија дека таа ќе изнесува околу еден месец. Ова значи дека Емре Џан ќе пропушти неколку натпревари на „старата дама“, меѓу нив и пресметките од ЛШ со Манчестер јунајтед и од „Серија А“ со екипата на Милан.

Се вчитува...