Енди Мареј: Кога ќе ставам крај на мојата кариера, сакам да бидам фудбалски тренер

Трикратниот шампион на Гренд слам турнирите Енди Мареј сака да остане во спортот кога ќе ја заврши тениската кариера. Британецот требаше да учествува на Мастерсот во Мајами, но поради повреда се откажа од првиот Мастерс во сезоната.

Поради честите повреди со кои се соочуваше во последните сезони, се повеќе се зборува за неговото пензионирање. Поранешниот светски тенисер број еден веќе има идеја што би можел да стори кога ќе ја заврши тениската кариера.

„Сакам спорт, затоа би бил заинтересиран да работам и понатаму во оваа област. Уживам во голфот, ќе биде возбудливо ако можам да направам нешто во тој спорт“, изјави Мареј.

Енди потенцираше дека го сака и фудбалот, па кажа дека може да работи и како фудбалски тренер.

„Тоа би било интересно. Сакам нови предизвици, го сакам фудбалот“, рече Мареј.

Се вчитува...