Британскиот тенисер Енди Мареј се чини дека нема да игра за својата репрезентација во финалето на Дејвис купот.
Велика Британија ќе се сретне со Србија во четвртфиналето на ова натпреварување, кое се игра во Малага на крајот на ноември.
Доколку тоа се оствари и Мареј не игра за својот тим, тоа би било уште еден удар за Британците, бидејќи Даниел Еванс веќе изјави дека нема да биде во Малага.
„Во моментов не сум најдобро расположен да одлучам дали ќе играм во Дејвис купот. Ми требаат неколку дена да размислам“, изјави Мареј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА