Ендуро возбудувања на Стенковец

Овој викенд на спортскиот полигон Стенковец во близина на Скопје се одржа третиот по ред ,,Оф Роуд шоу 2018”.

Натпреварот беше поделен во два дела. Првиот дел беше ендуро возење по трасирана патека низ падините на Скопска Црна Гора во должина од околу 35 км, а вториот дел беше специјален испит на вешто и спретно возење каде што возачите требаше да поминат повеќе пречки за што пократко време.

Овој натпревар се бодуваше за македонскиот ендуро шампионат.

За Ендуро тим Водно настапија 15 возачи во повеќе категории, а овој викенд беше еден од најуспешните за тимот.

Класа Е2 македонски шампионат
Виктор Караколев 2. место

Класа Е3 македонски шампионат
Владимир Димов 1. место

Томас Трајковски 3. место
Класа Утв/Атв (Хоби класа)

Омер Беџети 1. место

Вулнет Рустеми 2. место

Дејан Стефановски 3. место

Класа Ветерани
Зоран Димов 3. место

Оф Роуд Шоу (Хоби класа)

Ненад Стојовски 1. место
Марко Блажевски 3. место

Се вчитува...