„Енфилд“ му прости на Кариус (видео)

И покрај катастрофалните грешки во финалето од фудбалската Лига на шампионите, голманот  на Ливерпул, Лорис Кариус, доби топло добредојде од навивачите на „Енфилд роуд“. Кариус доби шанса како замена за Алисон на петнаесетина минути пред крајот од пријателската контрола со Торино (3-1), а преполниот стадион го поздрави со аплауз.

Судбината на Кариус во Ливерпул е неизвесна, тој сепак би можел да го напушти клубот, но гестот на навивачите останува забележан. Менаџерот, Јирген Клоп беше воодушевен од постапката на фановите, рече дека тоа едноставно и така треба да биде.

„Со оглед на краткиот период до крајот од преодниот рок, Кариус и би можел да остане и очекувам да биде вистински број два и да му помага на Алисон“ – истакна Клоп.

Лорис Kариус со емотивно обраќање им се заблагодари на навивачите.

Се вчитува...