„Енфилд роуд“ добива трибина со името на легендата Кени Далглиш

Ливерпул ќе го претстави новото име на една од трибините на „Енфилд роуд“ во дербито против Манчестер јунајтед кое се игра следниот викенд. „Кени Далглиш“ ќе се вика трибината во чест на клупската легенда, поранешниот нивен играч и менаџер, Кени Далглиш.

Специјален мозаик ќе биде во негова чест претставен на трибината, а пред почетокот на саботното дерби против лутиот ривал Јунајед, ќе има и програма посветена на неговите играчки и менаџерски денови во Ливерпул.

66-годишниот Шкотлаѓанец е икона на клубот. Како играч на „црвените“, Далглиш шест пати ја освојувал титулата во тогашната англиска прва лига, три пати бил и европски првак, додека севкупниот број на трофеи од англискиот купови изнесува 10.

По завршувањето на фудбалската кариера, Далглиш продолжил да му носи успех на Ливерпул, три титули во домашното првенство, два ФА купови, еден Лига куп и еден европски Супер куп.

https://twitter.com/LFC/status/916211429983657985

Се вчитува...