ЕНИС БАРДИ – ХЕРОЈОТ НА ЛЕВАНТЕ: Со два гола од пенал го запре Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди е херојот на Леванте откако во дуелот од 11. коло од Ла Лига против Атлетико Мадрид два пати стрелаше за својот тим од белата точка и донесе бод против фаворизираниот противник.

Тимот од Мадрид поведе во 12. минута од мечот со голот на Антоан Гризман, а Барди во 37. минута донесе изедначување. Резултатот 1-1 остана на семафорот и до крајот на првото полувреме, а гостите во нова преднсот ги донесе Матеус Куња во 76. минута.

Конечниот резулат го постави Македонецот кој повторно го совлада Облак од белата точка откако претходно Ренан Лоди играше со рака во шестнаесетникот.

Вториот пенал на Енис Барди можете да го погледнете ТУКА.

Овој бод за жал не го оддалечи Леванте од „опасната зона“ каде со шест освоени бода по 11 одиграни натпревари тимот на македонскиот интернационалец сеуште стравува за прволигашкиот статус. За Атлетико пак ова е четврт нерешен дуел сезонава со кој остана на шестото место на табелата со 19 освоени бода.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...