Енис Барди ќе биде прво зимско засилување на Унион Берлин?!

Енис Барди повторно е актуелен на фудбалскиот пазар во пресрет на јануарскиот преоден рок откако капитенот на македонскиот национален тим се појавува високо на листата со желби на бундеслигашот Унион Берлин. Името на Барди беше поврзано со Унион Берлин уште пред неколку седмици, откако на клупата на овој тим пристигна Хрватот Бјелица, кој имаше одлична соработка со нашиот репрезентативец додека седеше на клупата на Трабзонспор.

Бјелица само неколку седмици по отказот добиен во Турција седна на клупата на Унион Берлин, при што му беа ветени и неколку засилувања кои тој самиот ќе може да си ги избере. Приоритет ќе биде засилување на средниот ред, а таму Бјелица како идеална опција го гледа токму Барди, како играч кој е опасен од прекини, но и знае како да ги разигра соиграчите.

Двата клуба веќе оствариле првичен контакт, а до крајот на годинава се очекува и првата официјална понуда на Унион Берлин. Со сумата засега не се шпекулира, но од Трабзон јасно ставиле до знаење дека очекуваат во најмала рака да си ги вратат оние три милиони евра што ги платија за да го доведат Барди од Леванте пред една и пол година.

Во прилог оди и фактот дека нашиот репрезентативец не е стандарден во првиот тим кај новиот тренер, па би можел да добие зелено светло за заминување од Турција доколку пристигне интересна понуда за неговите услуги.

Се вчитува...