Енис Барди на „мета“ и на Селта Виго

Покрај Бетис, Реал Сосиедад, Милан и Торино, сега во трката за потписот на Енис Барди се вклучи и екипата на Селта, пишуваат шпанските медиуми.

Селта ќе се обиде да го искористи фактот што Барди има уште шест месеци договор со Леванте, и да го земе за мала сума на пари. Во Шпанија исто така се пласираат информации дека Леванте за него ќе бара 9 милиони евра, иако Милан наводно бил подготвен да понуди 5 милиони евра за услугите на Македонецот.

Енис Барди во разговор со раководството на Леванте, побарал да биде продаден уште во зимскиот преоден рок.

Барди сезонава одигра 14 натпревари, од кои на 9 како стартер.

Се вчитува...