Енис Барди на „радарот“ на Лион

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е едно од потенцијалните засилувања за француски Лион, пренесуваат дел од француските медиуми. Барди летово ќе биде на продажба од страна на Леванте, поради минусот во клупската каса, а францускиот тим би можел за околу 10 милиони да го ангажира. Договорот истекува на крајот од сезоната, меѓутоа Леванте ќе ја активира клаузулата да го продолжи на уште две, со што ќе има право да бара отштета.

За Барди има неколку заинтересирани клубови особено од Шпанија. Валенсија и Реал Сосиедад се меѓу заинтересирани, а зимоска имаше интерес и од Италија.

Барди во Леванте е веќе пет сезони, а во Шпанија дојде од Ујпешт. За националниот тим на Макеоднија има одиграно 44 натпревари и постигнати девет голови.

Лион би можел ова лето да остане без неколку играчи од средниот ред. Има интерес за Ауар, Пакета и Какере, па од тука Барди би можел да биде едно од решенијата за средниот ред за идната сезона.

Се вчитува...