Енис Барди на „радарот“ на Реал Сосиедад

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди е на мета на Реал Сосиедад, пренесуваат шпанските медиуми. Баскијците сакаат да го доведат во своите редови одличниот играч за врска, но не во јануарскиот преоден рок туку на крајот на сезоната кога му истекува договорот со Леванте.

Клубот од „Сан Себастијан“ во Енис Барди гледа фудбалер каков што немаат во тимот и дополнително ќе им помогне во борбата на неколку фронта. Нашиот интернационалец во секој случај на крајот на годината ќе ја промени средината бидејќи по слабиот старт на сезоната големи се шансите тимот од Валенсија следната година да се натпреварува во „сегунда“.

 

Се вчитува...