Енис Барди се сели во Реал Сосиедад!?

Македонскиот репрезентативец Енис Барди би можел на крајот од актуелната сезона да се пресели во редовите на Реал Сосиедад. Како што пренесува шпански „Ас“, Реал Сосиедад е силно загреан за ангажман на Барди уште во зимскиот преоден рок, но околу сето тоа не се согласува Леванте.

Менаџерот на тимот од Сан Себастијан, Иманол Алгуасил посакува во своите редови да го има македонскиот фудбалер поради што веќе се активирани првични разговори и со Леванте. 

Реал Сосиедад по 18 кола во Ла Лига е на петтото место со 31 бод, осум помалку од водечката Барселона. Барди е веќе трета сезона во најсилната шпанска лига. Сезонава има два погодоци за Леванте, од кои еден токму против Реал Сосиедад. Неговиот догово со Леванте е до јуни 2022 година.

Се вчитува...