Енис Барди пред промоција во дресот на Трабзонспор!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е пред промоција во дресот на турскиот шампион Трабзонспор!

Како што пренесува шпанска „Марка“, Барди и Леванте веќе се договориле за трансфер на македонскиот фудбалер во Трабзонспор, а наредниве денови се очекува само официјалната промоција во новиот дрес.

Според најавите, Барди кој треба да потпише тригодишен договор со Турците, во Трабзонспор се сели за сума од десет милиони евра, а шпански Леванте ќе добие и дополнителни бонуси со продажбата на еден од своите најдобри фудбалери. Интерес за македонскиот репрезентативец имаше и од Елче и Алмерија од Шпанија, но и неколку италијански екипи, за да на крај сепак одлуката падне на турскиот шампион Трабзонспор.

Пред само една недела, и Езгијан Алиоски ја официјализираше преселбата во Фенербахче, а сега во турскиот шампионат му се приклучува и Енис Барди.

Се вчитува...