Енис Барди се сели во Бундеслигата?

Еден од најдобрите македонски фудбалери, Енис Барди е на мета на германскиот Бундеслигаш, Унион Берлин. По слабиот старт на сезоната тимот од главниот град на Германија, мораше да менува на тренерската позиција каде сега се наоѓа хрватскиот стратег, Ненад Бјелица.

Токму Бјелица соработуваше со нашиот репрезентативец во турскиот Трабзонспор, па затоа би сакал да доведе играч во кој има доверба како би успеал колку е можно полесно да обезбеди опстанок во Бундеслигата.

Капитенот на македонскиот национален тим играше одлично под водство на Бјелица во Трабзонспор, но сега игра се помалку откако си замина хрватскиот стручњак. На последните четири натпревари тој се појави само еднаш и собра само 15 минути под водство на Абдула Авчи.

Според турските медиуми, Унион Берлин веќе стапил во контакт со Трабзонспор околу евентуален трансфер на почетокот на јануари.

Се вчитува...