Барди пред Меси: Стрелец на „голот на сезоната“ во Ла Лига (видео)

Енис Барди е добитник на признанието „Гол на сезоната 2018/2019“ постигнат од слободен удар, во изборот што беше објавен од страна на „Ла Лига“.

На листата од пет ремек-дела од слободен удар на  врвот се најде токму македонскиот репрезентативец, со „бомбата“ од триесетина метри на гостувањето против Хетафе. Овој еврогол беше доволен за Барди да ја победи конкуренцијата, меѓу неа и Лионел Меси, кој го освои само третото место на оваа ранг-листа.

Уживајте во петте најдобри погодоци од слободен удар  во сезоната што измина во шпанскиот шампионат…

Се вчитува...