Енис Барди: Знам дека утре секој од нас ќе даде повеќе од 100% за Македонија и успех!

ЕКИПА во Кардиф, Велс
Владимир Булатовиќ

Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди категорично, на прес-конференција во Кардиф, најави дека секој поединец во националниот тим е 100% подготвен за утрешниот последен натпревар од квалификациите за пласман на СП 2026.

Барди најави максимум како и секогаш, но со силна желба сега да се дојде до позитивен резултат кој ќе не донесе до втората позиција на табелата, и подобра позиција пред ждрепката за баражот за СП 2026.

„Сите многу добро знаеме колку ни значи овој натпревар, цела македонска јавност но пред се ние фудбалерите. Секој од нас кога игра во репрезентативнот дрес давал максимум, но посебно утре секој треба да дадеме до последен атом од нашите сили затоа што знаеме колку е овој меч важен за сите нас. Да дадеме се од себе, но и да уживаме во натпреварот кој ќе не носи кон пласман на СП 2026. Знам дека утре ќе дадеме и повеќе од 100% за да ги израдуваме сите навивачи и да дојдеме до успех“ – истакна Барди.

Натпреварот меѓу Велс и Македонија во последното коло од квалификациите за Светското првенство 2026 се игра утре со почеток од 20 часот на „Кардиф сити“ стадион во главниот град на Велс.

Се вчитува...