Енрике го враќа Пике во репрезентацијата на Шпанија?

Искусниот стопер, Џерар Пике пред четири години објави крај на настапите во репрезентацијата на Шпанија. Тој се одлучи да не игра повеќе за „фуријата“ после испаѓањето на неговата селекција на СП 2018 година во Русија.

Во Шпанија се прошири информација дека Пике имал разговор со Енрике и дека стоперот наводно донел одлука да се врати. Со Пике, и Лапорта, Торес и Гарсија, Енргике би добил одлична одбрана за Мундијалот во Катар.

Пике до 2018 година имаше 102 настапи за националниот тим на Шпанија и постигна пет гола, меѓу кои стрелаше и на „Арената“ во Скопје во победата од 3-2 во 2009 година. Со „фуријата“ ги освои и Европското и Светското првенство.

Се вчитува...