Енрике им наредил на фудбалерите да шутираат 1000 пенали, а тие ги промашија сите

Шпанија после пенали испадна од Мароко во 1/8 финале на Мундијалот во Катар. Регуларниот дел заврши 0-0, а немаше голови и после продолженијата иако имаше возбудувања и на едната и на другата страна.

Енрике пред натпреварот со Мароко, кажа дека има порачал на своите играчи дека на Мундијалот треба да дојдат со „најмалку 1000 изведени пенали“. Да се потсетиме дека Шпанија третпат испаѓа од големо натпреварување токму на пенали.

„Нема да биде доволно ако чекаме да дојдеме тука и да тренираме пенали. Тоа е момент на максимална напнатост, време во кое покажуваш посилни нерви и способност на шутирае пенали, и тоа го трениравме 1000 пати. Тоа многу зборува за ибрачот. Изведувањето на пенали може да го добиете само ако добро го победите напнатиот момент“, рече Енрике пред натпреварот и кажа дека се помалку пеналите се лотарија, туку дека голманите владеат со ситуацијата.

Мароканскиот голман Јасин Боно одбрани два пенали, а еднаш Шпанците ја погодија и стативата.

Се вчитува...