Погледнете го голот на Пешевски за делириум во СЦ „Борис Трајковски“ (ВИДЕО)

Ракометната репрезентација на Македонија се пласираше на Светското првенство кое во 2025 година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка и тоа на фантастичен начин откако во вториот бараж натпревар против Фарски Острови надокнади седум голови негатива пред пеколната атмосфера во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Убедливата победа и пласманот на собирот на најдобрите светски репрезентации беше осигурана во самата завршница кога на триесет секунди пред крајот Жарко Пешевски реализираше за недостижни „плус“ девет.

Се вчитува...