Енрике: Ја испуштивме контролата на мечот

Тренерот на ПСЖ Луис Енрике, не го криеше своето разочарување од поразот од Милан во четвртото коло во Лигата на шампионите. Парижаните загубија со 2:1 на „Џузепе Меаца“ и така направија голем чекор назад кон осминафиналето.

Сега на ПСЖ му треба морална победа над Њукасл ако сака да ја продолжи битката за првото место во „групата на смртта“.

„Стана тензичен натпревар кој можеше да заврши со било кој резултат. Постигнавме гол, но потоа ја загубивме контролата на играта. Милан играше многу добро во нападот. Станува збор за силен тим и технички и физички. Многу паметно ги искористија слободните зони. Имавме и ние шанси кои не ги искористивме“, рече Енрике и додаде:

„Има уште два натпревари пред нас и само од нас зависи дали ќе продолжиме во следната фаза. Ова е група на смртта и не случајно ја именуваа така. Сите тимови ја имаат судбината во своите раце. Секој натпревар е исклучително важен“, вели Енрике.

Се вчитува...